Утрински Весник
Македонија

Поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ нападнал лекар со боксови во Итна медицинска помош

Doktor.webp.webp

Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш,пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш.

Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.

На 6 февруари тој дојде со мајка му кај мене на смена. Ја прегледав пациентката и дадов терапија. Немаше ништо животозагрозувачко. И дадов препорака ако се чувствува влошено, да дојде повторно или да се јави на матичен лекар. Отишле утредента на матичен лекар, од каде била упатена да направи испитувања. Денеска се слушнав со матичната лекарка, не се вратиле со резултатите кај неа. Пациентката починала 24 часа после мојот преглед. Тој дошол на ноќната смена во лекарската соба, кога јас не сум бил на работа, ми ја искршил лиценцата и ја исплашил колешката. Не го пријавивме, сметавме дека е во афект и во болка. Но, вчера во 19 часот вечерта, влезе кај мене на работа се доближи без збор и ми удри бокс, изјави за Слободен печат доктор Х.Е.

Т.Д. 53 годишниот тепач е поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ а натепаниот доктор за СП рекол дека и тој ќе поднесе приватна тужба за насилникот.

За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можете да прочитате

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома