Утрински Весник
Свет

Поранешен платеник на ,,Вагнер”: Им се извинувам на Украинците, Пригожин е луд, неговите ќе го убијат

Поранешен платеник на ,,Вагнер”: Им се извинувам на Украинците, Пригожин е луд, неговите ќе го убијат

Андреј Медведев, поранешен член на платеничката група Вагнер, даде интервју за Франс 24 речиси два месеци откако побегна во Норвешка и таму побара азил.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи од Осло, Медведев објасни дека бил сведок на многу лоши работи додека се борел во Украина.

Сепак, тој рече дека не сака да зборува за спецификите бидејќи ги чувал информациите за норвешките истражители.

Поранешниот член на Вагнер, кој се бореше во Украина меѓу јули и ноември минатата година, ја искористи приликата да му се извини на украинскиот народ.

Тој рече дека го напуштил Вагнер поради „методите“ и „наредбите“ на командантот.

Тој тврди дека членовите на платеничката група биле испратени во битка како „топовско месо“.

Тој нагласува како решил да ризикува и покрај тоа што знаел дека дезертерите пред него претрпеле „многу, многу сериозни последици“.

Тој негираше дека борците извршиле злосторства врз цивили, но рече дека командантите сепак имаат од што да се срамат.

Запрашан за шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, Медведев одговори дека го видел во центарот за обука, каде што ги охрабрува своите луѓе велејќи дека градот Бахмут во источна Украина е речиси освоен.

Поранешниот платеник рече дека и самиот го изразил своето несогласување по што неколку дена бил затворен во контејнер.

Тој го нарече Пригожин „луд“, посочувајќи дека шефот на Вагнер „мисли дека може да прави што сака“.

„Кога ќе заврши целото ова шоу, спектаклот, мислам дека неговите ќе го убијат“, предвидува Медведев.

Тој додаде дека Пригожин многу го слуша рускиот претседател Владимир Путин, инаку повеќе не би бил таму.

Медведев се надева дека ќе добие азил во Норвешка. Тој рече дека ако биде вратен во Русија, барем „ќе ја каже вистината“ и „подготвен е да ја плати цената за тоа“, пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар