Навивачите на фудбалскиот клуб Левски, преку соопштение им испратија порака на навивачите на Шкупи, популарните „Шверцери“, да не ни помислуваат на тргнат на пат кон Софија за реванш мечот од Конференциската лига.
„Нашиот став е јасен – навивачите на Шкупи не треба да дојдат. Софија не е град за прошетки, особено не по инцидентите што се случуваа во Скопје. Ако решат да дојдат гостите нема да минат убаво во главниот град, кој најверојатно е најубавото место што луѓето од Чаир можат да го посетат во нивните животи. Откажете го патувањето во Бугарија“.
Инаку, по инцидентите што се случија во Скопје, кога еден навивач на Левски беше прободен со нож, а вкпно полицјата упаси 21 навивач (19 од нив на Левски), се очекува УЕФА и официјално да им забранаи на „Шверцери“ да патуваат во Софија.
Реваншот ќе се одигра во четврток, а по првиот меч во Скопје, Левски стекна предност од 2:0.