
На 07.02.2026 во 02:55 часот, на улицата „Борис Кидрич” во Кичево, од слобода е лишен Ф.В.(21) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.02.2026 во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље-Струга, од слобода е лишен А.З.(20) од струшкото село Франгово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло” со струшки регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

