
Цените на јајцата во САД го продолжија својот нагорен тренд во јануари, при што едно пакување од десет јајца во просек чини околу пет долари, а во некои држави осум или дури 10 долари. Производителите имаат свои оправдувања и причини, но потрошувачите се обидуваат да ги заобиколат високите цени на многу инвентивни начини. Еден од нив е изнајмување кокошки.
Поради птичјиот грип и евтаназијата на милиони кокошки, цените на јајцата растат со месеци и нема знаци дека овој тренд наскоро ќе престане, па обичните луѓе се принудени да бараат алтернативи.
CBS News известува дека бројни фарми добиваат се повеќе нарачки за купување кокошки.
„Продажбата драстично се зголеми“, велат одгледувачите на кокошки.
Голдсмит, кој исто така произведува сточна храна за пилешко, вели дека продажбата на добиточна храна е двојно зголемена од октомври.
„Секоја недела веројатно продаваме 50 проценти повеќе од минатата“, додава Голдсмит.
Постои и концепт за изнајмување кокошки. Компаниите кои се специјализирани за оваа единствена услуга на клиентите им обезбедуваат се што им е потребно за да започнат сопствено производство на јајца.
Ова обично вклучува неколку кокошки, мал кокошарник, добиточна храна и консултантска услуга.
Периодот на изнајмување варира – од неколку месеци до повеќегодишни аранжмани.
Rent The Chicken, компанија која издава кокошки на периоди од шест месеци, рече дека нејзиниот бизнис значително пораснал.
Здрава кокошка може да носи до пет јајца неделно.
Имајќи предвид дека купувањето јајца може да го чини семејството и до неколку стотици долари месечно, чувањето кокошки е примамлива опција.