Утрински Весник
Скопје

Поради скината цевка, прекин на водоснабдувањето во една скопска населба

Bez Voda.jpeg

Поради дефект – скината цевка на дел од улиците, денеска во населбата Тафталиџе, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ најави прекин во водоснабдувањето.

Дефектот е предизвикан од страна на странка/фирма ул. Копенхагенска 6а, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Копенхагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Петар Драганов, Стокхломска и Женевска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:15 часот до завршување со санација на дефектот.

Можете да прочитате

Дводневна работилница за чист воздух и одржливи градови во рамки на проектот за моделирање на квалитетот на воздухот 

ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена

Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство