Утрински Весник
Македонија

Поради прославата на ВРЕДИ и Курти одложена претстава во Битолскиот театар

586614764 122197729112051791 3780452360797646330 n.jpg

Вечерва системот го “киднапираше“ театарот, за жал вечерашната претстава “Жиголо” беше одложена иако екипата беше подготвена а пред вратата на службениот влез на театарот имаше огромен број на гледачи желни за театар, реагираа синоќа од Нациоанлната установа Битолски театар.

Причината за одложувањето е одлуката на Министерството за внатрешни работи: два часа пред почетокот на претставата, МВР го известува театарот дека настанот што паралелно се одржува во салата на НУ Центар за култура Битола е класифициран како „од висок безбедносен ризик“ и ги пломбира вратите на влезот на Новата сцена. Со тоа фактички се спречува одржувањето на претставата. Театарската претстава била закажана во исто време со настанот – Централна манифестација по повод 117 годишнината од Битолскиот конгрес, чиј домаќин беше заменик претседателот на Владата Арбен Фетаи а на настанот присуствувал и косовскиот премиер Албин Курти.

Од театарот јавно реагираат дека ваквиот потег е некоректен – не само кон институцијата и ансамблот, туку пред сè кон публиката. Луѓе кои веќе купиле билет, ја испланирале својата вечер и се појавиле пред театарот, дознале дека претставата нема да се игра кога веќе буквално стоеле пред влез. Управата на театарот се извини на сите посетители и најави конкретни чекори: од понеделник граѓаните ќе можат да дојдат во просториите на театарот и да побараат рефундација на средствата или замена на билетите за друга претстава.

Овој случај отвора неколку непријатни прашања за начинот на кој институциите комуницираат кога безбедносните протоколи се судираат со културниот живот. Никој сериозно нема да тврди дека МВР не треба да реагира кога проценува висок ризик, особено во затворени простори каде се собира голем број луѓе. Но, кога таквата проценка доаѓа само два часа пред претстава, без претходна координација и без обид да се најде решение што нема целосно да го парализира театарот, впечатокот е дека културата повторно е последна во редот.

Од понеделник, гледачите ќе можат да си ги повратат парите или да ја заменат нивната вечерна „Жиголо“ за некоја наредна претстава.

Можете да прочитате

Првите снегулки почнаа да паѓаат во Маврово 

Од октомври до денес АХВ уништи десетици тони небезбедна храна – дали е безбедно она што завршува на нашите трпези?

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли некој во седиштето на СДС или само Кузеска остана