Утрински Весник
Македонија

Поради прекумерна употреба на сила полициски службеник заработи кривична

Mvr.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата” по член 143 од Кривичниот законик.
Имено, на 13.04.2024, при преземање службени дејствија, пријавениот неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз машко лице од с.Чифлик, пехчевско, при што со гумена палка-пендрек му нанел телесна повреда.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Б.Б. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката и ќе му биде одземено службеното оружје и муниција.

Можете да прочитате

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

2026 нема да биде спектакуларна, но може да биде пресвртна

Обвинителен акт за возачот кој го усмрти велосипедистот Јорго Ќука