Утрински Весник
Магазин

Поради огромен интерес закажан и четврти концерт на Калиопи во Скопје!

Img eb8f6944b4f17eacc1cf2eb548f5eb8d v.jpg

По огромниот интерес кај публиката и рекордно распродадените три концерти, Калиопи најавува уште едно незаборавно музичко доживување во Скопје. На 30 декември 2025 година, во магичниот амбиент на Македонската филхармонија, ќе се одржи нејзиниот четврти акустичен спектакл „100% LIVE“.

Овој концерт претставува продолжение на низата ексклузивни настапи со кои Калиопи уште еднаш ја докажува својата автентичност, моќен вокал и неповторлива емоција што со децении ја врзува со македонската публика. Интимниот формат, придружен со врвни музичари, ветува вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции и звук што допира директно до душата.

Публиката ќе има привилегија да ја доживее Калиопи во нејзиното најчисто музичко издание. „100% LIVE“ е концепт кој ги слави вистинските вредности на музиката: живата изведба и непосредната комуникација со публиката, која на секој настап создава посебна магија.

Концертот на 30 декември е вистински подарок за сите љубители на македонската музика и идеален начин да се заокружи годината со уметност која инспирира.

Билетите се веќе достапни преку www.kupikarta.com, како и на продажните места Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК Травел Дајмонд.

Карти онлајн можете да купите на следниот линк со клик на него: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5718

Можете да прочитате

Три часовно шоу и смеа до солзи: Атанас и Тино два пати викендов ја наполнија салата Јане Сандански во Скопје

Енерџи Бенд со моќна порака: „Кажете им ТЕ САКАМ на сите што ви значат!”

Наближува Божиќниот пост – еве колку трае и што е најсуштинско