Утрински Весник
Скопје

Поради одржување на атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Soobrakaen Rezim 960x502 1.jpg

На 25.05.2025 (недела) во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански” при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански” (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија” и бул.„Видео Смилевски Бато” до крстосница со ул.„Владимир Комаров”, на дел од ул.„Васко Карангелевски” (во двете насоки на движење) на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански” до крстосница со бул.„АСНОМ” и на дел од бул.„АСНОМ” (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Киро Глигоров” и бул.„Србија” до крстосница со ул.„Васко Каранѓелевски” во Скопје.  

Од  тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.


За таа цел МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Посебен режим на сообраќај утре од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Хуманитарна изложба во скопската Зоолошка