Утрински Весник
Економија

Поради недостиг на возачи во Германија, ограничен автобускиот превоз

Поради недостиг на возачи во Германија, ограничен автобускиот превоз
Dik 300x250 mk

Германските автобуски превозници сè повеќе се принудени да ја ограничуваат својата понуда поради недостиг на возачи, објави Здружението на германските автобуски превозници (ВДВ).

dobivaj vesti na viber

„Мене не ми е позната ниту една компанија од секторот за автобуски транспорт што не била принудена да откаже барем една линија поради недостиг на возачи“, рече претседателот на ВДВ, Харалд Краус.

Истражувањето меѓу германските автобуски превозници во јавниот сектор покажува дека 77 отсто од анкетираните имаат зголемена потреба од возачи до 2030 година.

Во исто време, голем број возачи би можеле да се пензионираат до 2030 година, што може дополнително да ја влоши ситуацијата со персоналот.

Краус објаснува дека во минатото многу возачи ја напуштале камионската индустрија поради пониските плати.

„Финансиските услови се подобрени сега кога важноста на јавниот превоз е зголемена, но едноставно има недостиг на персонал“, рече Краус.

Тој нагласи дека почетната саатница на возачите на автобуси во јавниот превоз во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија е 15,60 евра, што, како што рече, е подобра од онаа на конкурентските компании, кои вработуваат и возачи.

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14