Утрински Весник
Македонија

Поради магла, намалена видливост на патот Прилеп-Крушево и Тетово-Попова Шапка

Поради магла, намалена видливост на патот Прилеп-Крушево и Тетово-Попова Шапка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

dobivaj vesti na viber

Врнежи од снег со слаб интензитет има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар, а со среден интензитет во Крушево, информира АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 мeтри има на патните правци Прилеп-Крушево и Тетово-Пoпова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите