Утрински Весник
Скопје

Поради кражби на електрична енергија селото Света Петка остана без струја

Struja 3.webp.webp

Кражбите на струја го оставија селото Света Петка од општина Сопиште без електрична енергија и вода, дознава „Фактор“. Локалните жители ги спречиле екипите на електродистрибутивното претпријатие да направат интервенции во мрежата.

Жителите на селото Света Петка се соочуваат со прекин во снабдувањето со вода и електрична енергија, откако во раните утрински часови настанал дефект во дистрибутивната мрежа како резултат на неконтролираните кражби на струја.


Информацијата за прекинот ја потврди и локалната власт. Оваа криза директно влијае на 150 домаќинства кои во моментов се без основни услови за живот. Пумпите за вода кои работат на струја, ги оставиле жителите во мизерна состојба. За ситуацијата се обративме со прашање до дистрибутивната компанија.

„Поради континуираните нелегални приклучувања и неконтролираното трошење на електричната енергија, денес настана дефект од посериозни размери во мрежата во сопственост на Електродистрибуција. Во моментов сите корисници од селото Света Петка немаат снабдување со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација, но беа попречени од страна на дел од жителите. Поради вербалните закани и неможноста за работење, екипите се повлечени од селото.“ гласи објаснувањето од ЕВН Електродистрибуција.

Од компанијата додaваат дека низ годините повеќепати се потрудиле да ја реконструираат мрежата во селото Света Петка и за таа цел се реализирале и состаноци со населението, но без никаков резултат.

Според податоците, загубите на електрична енергија во селото се над 60 отсто, додека наплатата на електричната енергија е само 7 проценти.

Можете да прочитате

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник” ќе никне простор по мерка на граѓаните

Општина Карпош: ЈП „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ да се однесуваат одговорно и да ги исполнуваат своите законски обврски

Без вода дел од корисниците на улица „Васко Карангелевски“ и „Тодор Чангов“ во населба Лисиче