Утрински Весник
Македонија

Поради Илинден Маршот за ангелите во Кочани на 2 август нема да се одржи

20250801072746 big 730x400 21.webp.webp

Во име на сите мајки, татковци и семејства кои ги загубија своите најмили во трагедијата во Кабарето „Пулс“ на 16 март, сакаме да ве известиме дека оваа сабота, 2 август 2025, нема да го одржиме редовниот „Марш за ангелите“, информираат организаторите.

Причината, додаваат, е државниот празник 2 Август – Илинден, ден кој го слави духот на борбата за слобода и достоинство. Веруваме дека овој ден заслужува тишина и почит, но и потсетување дека вистинската слобода доаѓа само кога има правда за невините, кога гласот на жртвите не е замолчен, туку чуен.


-Иако овој викенд нема да бидеме на улиците, нашата болка, љубов и борба не престануваат. Продолжуваме следната сабота – посветени, обединети и гласни – во име на сите што беа неправедно одземени.Ви благодариме за вашата поддршка и разбирање. Да бидеме достоинствени како нивната љубов и силни како нивниот спомен, информираат родителите на трагично загинатите деца во дискотека ПУЛС Кочани.

Можете да прочитате

Жена со нож го повредила сопругот во Кавадарци

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд