Утрински Весник
Спорт

Поради Гвардиол, Твитер го предупреди Романо за ширење лажни вести

Поради Гвардиол, Твитер го предупреди Романо за ширење лажни вести

Фабрицио Романо, најрелевантниот светски извор за фудбалски трансфери, доби предупредување од Твитер за ширење лажни вести. Популарниот 30. годишен Италијанец, кој има речиси 20 милиони следбеници на Инстаграм, пред сите има информации од највисоките фудбалски кругови и ретко греши. Но, му се случија некои погрешни информации.

dobivaj vesti na viber

Како тоа функционира, објасни тој во неодамнешното интервју за хрватски „Индекс“, во кое и самиот призна дека понекогаш прави некаква грешка кога станува збор за информациите, но додаде и дека неговите погрешни најави се производ на повеќе околности, а не само негови толкувања на моменталната ситуација.

„Ух, ги имаше многу, но јас никогаш не лажам во моите објави, само ја кажувам вистината. Не можам да влијаам дали трансферот ќе пропадне во последен момент или не, а како што знаете тоа често се случува. Јас не потпишувам договори.

Да речеме, во 2021 година објавив дека Меси ќе го продолжи договорот со Барселона и за ова добив потврда од најсигурни извори. Сè беше подготвено, договорите беа завршени и подготвени за потпишување, но тоа пропадна поради правилата во Ла Лига, а јас не можев да го контролирам тоа. Тоа беше многу тешко за мене“, рече тој.

Поради еден таков нов неуспех, реагираше и „Твитер“ со предупредување. Интересно, станува збор за евентуалениот трансфер на Јошко Гвардиол од Лајпциг во Манчестер сити.

Познато е дека Сити не го крие интересот за хрватскиот дефанзивец, но Романо претера во ексклузивата од 19 јули.

Тогаш напиша дека Гвардиол се сели кај Пеп Гвардиола и тоа го зачини со неговиот заштитен знак: “Here we go!”, по кој е препознатлив на „Твитер“.

„Договорот за висината на обештетувањето помеѓу Сити и Лајпциг е постигнат. Колку што разбрав, Гвардиол го заврши првиот дел од медицинските тестови и договорот е пред потпишување. Гвардиол ги договори условите за соработка со Сити пред еден месец“, напиша тогаш Романо.

Проблем за Романо и причина за предупредувањето беа зборовите на спортскиот директор на Лајпциг, Макс Еберл, кој изјави дека двете страни во преговорите се уште многу далеку и дека Гвардиол не бил на никаков лекарски преглед. Следниот ден Романо ја поправи својата информација.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност