Утрински Весник
Македонија

Поради градежни активности, времен сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“

Автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во рампа, повредени најмалку две лица

ЈП Улици и патишта Скопје известува дека на ден 16.05.2023г.(вторник) и 17.05.2023г.(среда) поради изведба на градежни активности за асфалтирање на пешачките патеки на улицата „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија, во периодот од 8 часот наутро до 15 часот попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

dobivaj vesti na viber

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една коловозна лента на 16.05.2023г., а потоа на 17.05.2023г. ќе биде затворена и другата коловозна лента во спротивната насока.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот до завршување на градежините активности да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Можете да прочитате

Возач од Берово пијан и без возачка направил сообраќајка

НЕМА ОПАСНОСТ ОВОШКИТЕ ДА ПРЕМРЗНАТ: Доаѓаат пролетни 25°C

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев ни тогаш, ни сега ги негираат снимките на кои Давидовиќ – Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра