Утрински Весник
Свет

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

Уште 75 лица загинаа како последица на поплавите во Пакистан во изминатите 24 часа, со што бројот на загинати се искачи на 1.138 од почетокот на обилните монсунски дождови во таа земја, соопштија денеска пакистанските власти.

dobivaj vesti na viber

Најголем дел од смртните случаи се забележани во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва и јужната провинција Синд, кои беа најтешко погодени од поплавите.

Повеќе од 1.634 лица се повредени во несреќи предизвикани од дожд и поплави, соопштија властите, додавајќи дека загинале и повеќе од 719.000 домашни животни, јави Анадолија.

Повеќе од 3.451 километар патишта, 149 мостови, 170 продавници и 949.858 куќи беа оштетени и низ Пакистан, кој е погоден од врнежи од средината на јуни.

Спасувачките служби поддржани од армиски трупи се распоредени во Сајбер Пахтунхва за да спасат стотици заглавени луѓе бидејќи јужната провинција Синд стравува од ново можно излевање на реката Инд во следните неколку дена.

Воени хеликоптери спасија уште 33 туристи заробени во планините Кумрат.

Првичната економска штета од поплавите во Пакистан може да биде најмалку 10 милијарди долари, изјави министерот за планирање Ахсан Икбал, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен