Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поплавите во Италија ја откажаа првата трка на македонскиот возач Рико Вуков

Поплавите во Италија ја откажаа првата трка на македонскиот возач Рико Вуков
300x250 opst2

Во текот на вчерашниот ден беше лиферувана веста дека поради поплавите во регионот на Емилија Ромања, ќе биде откажан гран при викендот на патеката во Имола.

dobivaj vesti na viber

Македонскиот возач Ристо Вуков токму на оваа патека требаше да ја започне својата кампања во Порше Суперкуп, натпреварување кое се вози во склоп на Ф1 викендот.

„Најнапред, сакам да испратам порака за поддршка до италијанскиот народ и спасувачките служби кои работат во погодениот реон. Не се сомневам во потребата од ваква одлука на организаторите, ќе беше невозможно да се организира нормален гран при викенд, а притоа да се знае дека некој се бори за живот. Во моментов сите мои надежи се за што побрза нормализација на ситуацијата во поплавените подрачја“, вели тој.

Ова не е прва случка за откажување на планираните обврски за Вуков оваа година, откако на почетокот од април мораше да се повлече од тестирањето на Ред Бул Ринг бидејќи автодромот беше завеан во снег.

Поради сето ова, тој за идниот викенд во Монте Карло се подготвува заедно со Андреј Кулунџиќ на патеката „Навак“ крај Белград.

„Андреј е поранешен возач во Порше Суперкуп и неговите искуства се драгоцени за мене бидејќи од оваа временска дистанца тој може да препознае кои од моите дилеми се реални, а на кои не треба да им обрнувам внимание. Недостатокот на тренинг патека во Македонија е голем проблем, па можноста да се тренира во Србија со него е најдоброто нешто што можеше да се обезбеди, со цел да останам фокусиран и да ја темпирам својата форма. Искрено се надевам дека веќе на 28 мај за време на гран при викендот во Монако ќе се покаже дека овие подготовки биле полн погодок“, додава Вуков.

Можете да прочитате

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Мицкоски од Брвеница: На овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“