Утрински Весник
Свет

Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол

20250530120157 big 730x400 33.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Големите поплави, предизвикани од обилни врнежи, кои ја погодија Романија вчера се закануваат да го уништат рудникот за сол Праид, кој се смета за еден од најголемите резервоари на сол во Европа.

Станува збор за најлошите поплави во последните 30 години, и поради тоа властите го затворија рудникот во централниот романски округ Харгита, бидејќи надојдениот поток во близина поплави дел од рудникот.


Рудникот Праид е омилен меѓу туристите поради неговите спектакуларни галерии во кои се наоѓа авантуристички парк и капела исклесана во сол, а поплавите се закануваат да ја уништат егзистенцијата на луѓето во градот Праид, кој зависи од туризмот, соопштија локалните власти.

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија