Утрински Весник
Македонија

Поплави во Ресен: Над 50 куќи и земјоделско земјиште потопени по излевањето на реките

Screenshoaa.jpg

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дојде до излевање на Болнска и Источка река, што предизвика поплавување во селата Царев Двор и Дрмени. Над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште се погодени од водата.

Поплави се евидентирани и кај селото Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 сантиметри.

На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, ЈП „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини. Вкупно се користат 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште, сите расположливи пумпи се користат за санација на поплавените објекти.

ЈП „Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет, со цел да се овозможи непречено движење на сообраќајот и безбедност на населението.

Извор: 4news.mk

Можете да прочитате

Маж насилно турнал дете во багажник на возило во Аеродром, за да каже кој удирал со снежни топки по неговото возило

Кривична пријава за полицајка од Штип, го информирала брат и дека полицијата ќе демне со дронови

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја