Утрински Весник
Македонија

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата

Krivicna prijava za zloupotreba na sluzbenata polozba i ovlastuvanje image.jpg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р. поради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја искористил својата службена положба или овластување, односно ги пречекорил границите на своето службено овластување на начин што за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, врз основа на списоци за евиденција на прекувремени работни часови и листа на работници од Одделот за дисциплински и судски постапки кои ги исполнуваат услови за исплата на бонус плата за 2023 година која лично ја одобрил, а на која фигурирал под реден број, во отсуство на писмени наредби за реализирани часови работа со кои бил задолжен да извршува работи и задачи повеќе од полното работно време, се стекнал со парични средства на име работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус плата за 2023 година во износ од 36.614 денари или вкупна противправна имотна корист во износ од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР.


Можете да прочитате

Поскапувањата продолжуваат: Трошоците на живот зголемени за 0,5% во ноември, најмногу поради транспортот

Поевтинува дизелот – ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Безживотно тело лежи во близина на Плоштад Македонија