Утрински Весник
Македонија

Поместени границите во ортопедска трансплантација на Клиниката за ортопедија

20250822114720 big 730x400 60.webp.webp

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е извршена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас. Пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, беше подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин, соопшти Министерството за здравство.

Операцијата беше во два акта – во вториот имаше пластична реконструкција која ја изведе тим предводен од др. Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, др. Теодора Тодорова и др. Гоце Гулески. За анестезија беше одговорна проф. д-р Јасминка Нанчева, со анестетичар с. Јована Илиева. Дел од тимот беа и инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рендген техничарот Силвана Станковска.


Со овој зафат се поставува нова референтна точка во домашната ортопедија и се потврдува капацитетот на македонските хируршки тимови за изведба на интервенции од највисок степен на сложеност, наведуваат од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Викендов Саем за отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ 

ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени

ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје