Утрински Весник
Македонија

Полски државјанин на „Табановце“ се обидел да внесе печурки со психотропно дејство

Pecurki.jpg

МВР информира дека вчера во 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.О.М.(26) од Полска затоа што при гранична контрола и проверки во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, пронајдени и одземени се картонски кутии во кои имало печурки-габи со психотропно дејство.

Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов

Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки откако почна пробниот период на „Безбеден град” во Скопје