Утрински Весник
Свет

Полската влада ќе обезбеди до 5,4 милијарди евра помош за поплавите

Poplavi Polska.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полска ќе обезбеди речиси 5,4 милијарди евра за итна помош во врска со поплавите, како и за активности за обнова, објави полскиот премиер Доналд Туск.

Полската влада денеска заседава за да одобри посебен закон за поплави, со кој ќе се изменат и неколку десетици други закони со кои, меѓу другото, се регулира помошта на кредитокорисниците, поедноставените процедури за издавање решенија за обновување на поплавените подрачја или дополнителна јавна помош.

За време на средбата, Туск спомена дека специјалниот закон содржи „неколку страници промени“ кои ги подобруваат постоечките одредби.

-Во однос на обемот на помошта за поплавите и во однос на планот на кој работиме, во моментов проценуваме дека, вклучувајќи ги и фондовите на ЕУ, ќе можеме да обезбедиме до 5,39 милијарди евра, рече Туск, нагласувајќи дека нема да биде неопходно да се потроши целата сума одеднаш. 

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро