Главната опозициска сила во Полска, конзервативната националистичка партија Право и правда (ПиС), освои најмногу гласови на локалните избори што се одржаа во неделата. Од друга страна, владејачката либерална Граѓанска коалиција (КО) обезбеди контрола врз повеќето регионални совети, јавуваат британските медиуми.
Конечните резултати, објавени вчера попладне од Националната изборна комисија, покажуваат дека ПиС е прв со 34,27 отсто од гласовите, а КО е втора со 30,59 отсто.
Од друга страна, владејачката партија доби контрола над девет регионални совети, додека главната опозициска сила врз седум.
Истовремено, градоначалникот на Варшава, Рафал Цашковски, од КО, е реизбран уште во првиот круг од изборите со 57,41 отсто од гласовите. Неговиот главен ривал – Тобијас Боченски, поддржан од ПиС, беше далеку зад него со 23,10 отсто, објави полската агенција ПАП.
Владејачката Либерална партија победи и на изборите за градоначалник во Гдањск и Лоџ. КО е генерално првата сила во големите градови.
Либералната коалиција дојде на власт во Полска по парламентарните избори во октомври, на кои ја победи конзервативната националистичка партија, која со земјата владееше осум години.