Утрински Весник
Свет
Img 7972

Полска одлучи да го забрани увозот на украински житарки за да го заштити домашниот сектор

Полска одлучи да го забрани увозот на украински житарки за да го заштити домашниот сектор
300x250 opst2

Полската влада одлучи да го забрани увозот на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити полскиот земјоделски сектор, изјави денеска лидерот на владејачката Партија на правото и правдата (ПиС) Јарослав Качински.

dobivaj vesti na viber

Големи количини украински житарки, кои се поевтини од оние произведени во ЕУ, на крајот останаа во централноевропските држави, што влијаеше на цените и продажбата на локалните фармери.

Ова создаде политички проблем за ПиС во изборна година.

„Владата денеска усвои уредба со која се забранува влез и увоз на жито во Полска, како и десетици други видови храна од Украина“, Качински на конвенциите на партијата ПиС.

Списокот на блокирани стоки ќе биде вметнат во владината уредба, рече Качињски и додаде дека во него има житарки, производи од мед и многу други работи.

Можете да прочитате

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци