Утрински Весник
Свет

Полска испраќа нови 500 полицајци долж границата со Белорусија

Полска испраќа нови 500 полицајци долж границата со Белорусија

Полска планира да го зголеми полициското присуство долж границата со Белорусија, објави Ројтерс. Министерот за внатрешни работи на земјата, Мариуш Камински, најави дека таму ќе испрати дополнителни 500 униформирани војници.

dobivaj vesti na viber

Новите мерки доаѓаат откако полските гранични власти вчера соопштија дека 187 лица се обиделе илегално да ја преминат нејзината граница со Белорусија за да влезат во земјата.

Министерот Камински прецизираше дека новите 500 полицајци ќе им се придружат на 5.000 граничари и 2.000 воени лица кои се веќе стационирани таму, кои ќе се грижат за безбедноста и редот долж границата.

Шефот на полската служба за национална безбедност Јацек Сиевиера пред неколку дена изрази загриженост за ризикот што го претставуваат за безбедноста на неговата земја и на Европа од борците на приватната воена компанија „Вагнер“ стационирани во Белорусија.

Тој предупреди дека платениците, кои беа испратени во поранешната советска република по неуспешниот обид за бунт во Москва, би можеле да користат мигранти од Африка и други места каде што дејствува паравоената група за да ја дестабилизираат централна и источна Европа, предупреди шефот на полската безбедност.

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница