Утрински Весник
Македонија

Положување цвеќе по повод Денот на Армијата

Arm 1.webp.webp

По повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата, денеска на градските гробишта во Бутел во Скопје делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата, Сојузот на здруженија на борците од НОБ, Организација на резервни воени старешини, градот Скопје и други, со воени почести ќе положат венци цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Делегации од министерството за одбрана и генералштабот и здружението на семејствата на загинатите бранители ќе положат цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите бранители пред Министерството за одбрана, а во армиските касарни делегации ќе положат цвеќе пред бистите на народните херои чии имиња ги носат касарните.

Делегацијата од Собранието ќе ја предводи потпретседателот Антонијо Милошоски, а во нејзин состав ќе бидат и пратеничките Емилија Ангелова и Даниела Белимова.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ

Мајка пријави исчезнување на нејзините две малолетни ќерки – Се вратиле сами дома по неколку часа!

Избегнувајте сонце од 11 до 17 часот и пијте многу вода, не оставајте никого во паркирано возило