Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Половина Скопје попладнево без парно греење – Има дефект

Parno.jpg
Img 7972

Половина Скопје попладнево остана со ладни радијатори, токму во ден кога температурите нагло се спуштија.

Од ЕСМ Снабдување информираат дека поради зголемени загуби на вода во системот и потребата од изолација на истекување вода од дистрибутивната мрежа во реонот околу ул. „Павел Шатев“ (Бихаќка) 3, топланите Исток и Запад нема да испорачуваат топлинска енергија во период од околу три часа.


„Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилност и нормализација на снабдувањето. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо враќање на редовната испорака на топлина до потрошувачите,“ стои во соопштението.

За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

Можете да прочитате

Шукова најави отворање на Центар за селекција и рециклажа – 50 отсто од отпадот ќе се рециклира

Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи