Утрински Весник
Македонија

Полов напад и уцена со компромитирачки фотографии и снимки, осомничен 25-годишник

Policija 3.jpg

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик, информира обвинителството.

-Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед. Преку профил на социјална мрежа тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите. Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена – информираат од обвинителството.

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека