Утрински Весник
Македонија

Политиката ја јаде и уметноста: ВРЕДИ за свој успех си припишува настап на Филхармонија во Виена

Foto 1 4.jpg
Dik 300x250 mk

Необично, несекојдневно и во најмала рака чудно соопштение за јавност пристигна од коалицијата ВРЕДИ.

Во него не се работи за активности на коалицијата, ниту понуда за локалните избори, ниту пак станува збор за некаква реализирана мерка или политика.


Коалицијата ВРЕДИ преку јавна комуникација си го припишува како успех тоа што Македонската филхармонија вчера имаше настап во Златната саа на Музикферајн во Виена.

Соопштението го пренесуваме интегрално во целост:

Вчера бевме сведоци на голем културен успех на нашата земја, историскиот концерт на Филхармонија на Македонија во Златната сала на Музикферајн во Виена, една од најпрестижните сцени за класична музика во светот. Овој концерт, кој се одржа во величествена и емотивна атмосфера, го демонстрираше високото уметничко ниво и професионализам на нашата филхармонија, која со своите брилијантни интерпретации на делата на композиторите Бете Илин, Сони Петровски, Смокварски и Дворжак, го воздигна името на нашата држава и нашата култура во срцето на Европа.

ВЛЕН изразува посебна благодарност до директорот на Филхармонијата, Мустафа Имери, за визионерското управување, посветеноста и напорната работа што ја претворија Филхармонијата во примерна институција за успех и меѓународна културна соработка.

Посебна благодарност им упатуваме на Министерството за култура и туризам, предводено од министерот Зоран Љутков, државниот секретар Марија Ѓоргова, амбасадорот на Република Северна Македонија во Виена, Освит Росоклија и националниот координатор за интеркултурализам, Абаз Селмани, за нивната поддршка во реализацијата на овој важен национален проект.
Ова е пример за тоа како преку институционална соработка, професионализам и почитување на уметноста, нашата земја може достојно да се претстави пред светот.

Културата е мостот што нè обединува и го зајакнува нашиот идентитет, а овој концерт во Виена беше јасен доказ дека Северна Македонија знае да го зборува јазикот на уметноста достоинствено и со светска класа. ВЛЕН изразува благодарност до сите уметници, членови на оркестарот, диригентот Јерухам Шаровски, солистите Ана и Игор Дурловски и сите оние што придонесоа за оваа незаборавна вечер што ќе остане како златна страница во историјата на нашата култура. ВЛЕН за култура што обединува, за уметност што ја чествува земјата.

Можете да прочитате

Ретка можност: Балкански рис фатен во Кичево (ВИДЕО)

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција