Утрински Весник
Свет

Политички сојузник на Болсонаро фрлил бомба врз полицајците кои дошле да го уапсат

Политички сојузник на Болсонаро фрлил бомба врз полицајците кои дошле да го уапсат

Поранешен бразилски пратеник, политички сојузник на екстремно десничарскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро, фрлил рачна граната врз полицајците кои дошле да го уапсат откако повредил најмалку двајца од нив, соопштија властите во неделата.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот претставник Роберт Џеферсон доби затворска казна од Врховниот суд поради кршење на условите за куќен притвор што му беа изречени поради навреда на претседателот на највисокиот суд на социјалните мрежи.

Во моментот на апсењето во градот Леви Гаспаријан, Џеферсон реагирал, фрлајќи рачна граната врз двајца полицајци, соопшти федералната полиција.

На двајцата полицајци им била укажана лекарска помош и се добро, додаваат од полицијата која испратила поголем број лица на местото на настанот.

Жаир Болсонаро се огради од поранешниот парламентарец на Твитер, каде го критикуваше нападот врз полицијата и изрази солидарност со ранетите полицајци.

Бразилскиот претседател претходно ја осуди „воената акција“ на Роберт Џеферсон, кој со часови одбиваше да ја напушти својата куќа и на видео потврди дека употребил оружје, но очигледно без намера да ја повреди полицијата.

Болсонаро сепак ги критикуваше судските истраги против поранешниот претставник, кои, според него, се водат „без каква било уставна основа и без судски постапки“. На местото на настанот го испрати и министерот за правда.

Судијката на Врховниот суд Александра де Мораес нареди враќање на Џеферсон во затвор поради прекршување на условите на неговиот домашен притвор.

Роберт Џеферсон неодамна ја нарече судијката на Врховниот суд Кармен Лусија „вештерка“ и „кучка“.

Инцидентот се случува една недела пред вториот круг од претседателските избори во кои Жаир Болсонаро ќе се соочи со поранешниот претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва (2003-2010), кому анкетите му даваат предност.

„Никој што ја почитува демократијата не може да ги прифати оние што ја навредуваа Кармен Луција. Во општеството се создаде форма на насилство. Машина која ги уништува демократските вредности. Тоа го раѓа однесувањето што го видовме денес“, напиша Лула на Твитер, изразувајќи солидарност со ранетите полицајци.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk