Утрински Весник
Свет

Политички аналитичар oд Приштина: Настапот на Курти во Северна Македонија беше голема грешка

Политички аналитичар oд Приштина: Настапот на Курти во Северна Македонија беше голема грешка

Професорот по политички науки Нејмедин Спахиу од Приштина смета дека настапот на косовскиот премиер Албин Курти во Северна Македонија е голема грешка што не треба да се повтори.

dobivaj vesti na viber

„Иконографијата што беше таму за да го пречека Курти не доликува на премиер на независна суверена држава. Исто е, на пример, како да се случило Ѓукановиќ да биде пречекан во Хрватска, или во Косово, со знамиња на некоја друга држава, а не црногорска, на пример, со српски знамиња, или Пендаровски да биде пречекан не со македонски, но, да речеме, со бугарски знамиња, што би било сосема несоодветно“, рече Спахиу за „Косово онлајн“.

Според Спахиу, настапите на Курти како овој во Северна Македонија ги расипуваат односите со соседните земји, но тој верува дека македонските лидери овојпат ќе го толерираат тоа.

„Не знам кој беше мотивот на Курти, но мислам дека тоа е многу погрешна политика која ги нарушува односите со соседните земји, со пријателските земји, како што е Северна Македонија. Не очекувам никакво заострување на односите, не затоа што таму не направи ништо лошо, туку затоа што македонските лидери имаат здрав разум и мислам дека ќе го толерираат овој пат, под услов да не се повтори нешто такво во иднина“, рече Спахиу.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење