Утрински Весник
Македонија

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

1708002705 WhatsApp Image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Денеска (30.07.2024), Одделот за воздухопловни единици на МВР со два хеликоптери од раните утрински часови и во текот на целиот ден дејствуваше на повеќе места каде што имаше пожар и тоа, реонот на општина Старо Нагоричане и реонот на Свети Николе. Хеликоптерот Бел 412 во 54 циклуси исфрли над 80 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 исфрли 30 тони вода.

Околу 16 часот и двата хеликоптери се упатија во селото Стројманци каде што од пожарот беа заробени неколку лица и пожарникари. Во најбрз можен рок лицата беа лоцирани и покрај густиот чад и ниската видливост, хеликоптерот Бел 412 дејствуваше на пожарот, додека хеликоптерот Ми 171 извлече 4 лица кои беа заробени во опожарена куќа, а останатите лица беа евакуирани од страна на доброволното противпожарно друштво од Св. Николе со возила.

Можете да прочитате

Законот за Советот на јавните обвинители го помина првото читање на собраниските комисии

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра