Утрински Весник
Свет

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало

20260106140055 big 730x400 72.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За време на прославата на Богојавление и осветувањето на водите на старото пристаниште во градот Лимасол на Кипар, бил изгубен светиот крст фрлен во морето, откако лицето кое го фатило, веројатно побегнало, по што полицијата истражува евентуална кражба на крстот, објавија кипарските медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, по завршувањето на церемонијата, последниот верник што го зел крстот в раце рекол дека ќе го предаде на свештеното лице, меѓутоа, потоа го напуштил местото и е непознато каде се наоѓа.

Од кипарската полиција соопштиле дека се истражува можноста за губење или дури и кражба на крстот во рамки на прославата на Богојавление во Лимасол.

Станува збор за дрвен крст и во тек се обидите на полицијата за негово пронаоѓање.

Неочекувана разврска имало и на прославата на Водици во Аја Напа, кога златниот крст се загубил на дното на морето и митрополитот бил принуден да фрли друг, но овој пат дрвен крст.

Според онлајн изданието на весникот „Филелефтерос“, над 30 лица, скокнале во морето за да го извлечат златниот крст што го фрли митрополитот, но крстот се загубил на дното и, и покрај повеќекратните обиди на верниците, не можеле да го пронајдат.

Поради тоа, бил фрлен и друг, но дрвен крст, фатен од две лица, а подоцна, сепак бил пронајден и првиот, златниот крст. 

Можете да прочитате

Рубио најави разговори со Данска за Гренланд

Невработеноста во Германија достигна 6,2 отсто во декември

Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции