Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Полициска потера на патот Скопје – Велес: Испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Screenshot 2025 10 07 095531.jpg
Img 7972

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода 45-годишниот Н.А. и 23-годишниот А.Ј. од Скопје.

Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на улицата „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода.


Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.

Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Младиот Кико од Кочани се бори со најтешката болест – да му помогнеме!

Неготинец тешко повреден додека работел во хала на стопански комплекс

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана