Утрински Весник
Македонија

Полицијата во Струмица уапси четири лица за палење на „Ланд Ровер“

Img 8711.jpeg

Секторот за внатрешни работи Струмица експресно го расчисти случајот со запалениот џип марка „Ланд Ровер“, откако во текот на 21 и 22 февруари полициските службеници лишиле од слобода четири лица осомничени дека го подметнале пожарот на паркираното возило во Струмица.

Според информациите од полицијата, зад решетки завршиле 19-годишниот Д.Г. од село Секирник, 38-годишниот Р.П. од село Владевци, 26-годишниот А.Т. од Еднокуќево и 19-годишниот К.Г. од Струмица, за кои постои основано сомнение дека се вмешани во подметнувањето на пожарот.


Во рамки на истрагата, вчера (22 февруари), врз основа на судски наредби, полициски службеници извршиле претреси во домовите на тројца од осомничените, при што биле пронајдени дополнителни докази, но и нелегални супстанци.

При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, додека кај А.Т. е откриена кафеава грутчеста материја за која самиот пријавен изјавил дека станува збор за хашиш. Во домот на К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел за време на извршувањето на кривичното дело, односно при подметнувањето на пожарот.

За преземените мерки и обезбедените докази е известен надлежниот јавен обвинител, а од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против четворицата осомничени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Жена од Тетово измамена за 3.000 евра

ДУИ за случајот со Груби: Правдата треба да биде еднаква за сите

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се нервозни и фрустрирани затоа што Артан Груби е уапсен