Утрински Весник
Свет

Полицијата во Сент Луис убила 16-годишен тинејџер

Полицијата во Сент Луис убила 16-годишен тинејџер

Полицајците од Сент Луис го застрелале 16-годишниот Дерил Рос, кој наводно посегнал по пиштол, соопшти денеска полицијата.

dobivaj vesti na viber

Рос, кој е Афроамериканец, е убиен синоќа нешто по 23:30 часот на бензинска пумпа во северниот дел на градот, пренесе АП.

Во полицискиот извештај за инцидентот се наведува дека еден од полицајците вклучени во пукањето бил Афроамериканец, а еден белец.

Новата градска единица за истраги, формирана минатиот месец, ја води истрагата. Полицијата соопшти дека двајца детективи за спроведување наркотици забележале неколку лица со пиштоли на бензинската пумпа и се упатиле кон паркингот.

Нивниот автомобил бил неозначен и биле во цивилна облека, но носеле црни панцири со натпис „Полиција“ на предната и задната страна.

Рос, кој имал пиштол, според полицискиот извештај, брзо влегол во блиската уличка.

Детективите го следеле и рекле дека се полицајци. Рос, наводно, истрчал, а потоа се сопнал и паднал, фрлајќи го пиштолот. Како што се приближуваа детективите, Рос посегнал по пиштолот, се вели во извештајот, што ги натерало двајцата полицајци да пукаат во него.

Тој бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт.

Можете да прочитате

Руските истражители сметаат дека дека уривањето на двата моста во Курск и Брјанск се „терористички акти“

Двајца мртви во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во Лигата на шампиони

Тројца мртви во пожар во болница во Хамбург, над 50 се повредени