Утрински Весник
Свет

Полицијата во Чикаго упаднала во најмалку 21 погрешна куќа: на оштетените семејства им биле исплатени милиони долари

Полицијата во Чикаго упаднала во најмалку 21 погрешна куќа: на оштетените семејства им биле исплатени милиони долари

Полицијата во Чикаго извршила рација во најмалку 21 погрешна куќа во периодот помеѓу 2017 и 2020 година, според извештајот на генералниот инспектор објавен оваа недела, но лошото водење на евиденција значи дека вистинската бројка е непозната.

dobivaj vesti na viber

Канцеларијата на генералниот инспектор во Чикаго во средата го објави својот конечен извештај за претрес на Полициската управа во Чикаго (CPD), заклучувајќи дека несоодветното водење на евиденција го оневозможува броењето или целосното анализирање на рациите на погрешна врата. За неуспешните рации придонеле неискуството и неизвршувањето на основните истражни дејствија, пренесува порталот „Ризон“.

Политиките за претрес беа под лупа од 2020 година, кога беа објавени снимки од камерите на телото на кои се гледа како полицајците понижуваат гола жена за време на рација додека полицијата била на погрешна врата во 2019 година. Полицијата во Чикаго упаднала во станот на Анжанет Јанг врз основа на лажна дојава и и ставила лисици додека таа била гола , принудувајќи ја да застане пред машките полицајци додека ја пребарувале нејзината куќа.

Градот на крајот ја реши тужбата од Јанг и и исплати 2,9 милиони долари поради нанесената штета.

„Чикаго научи болни лекции во текот на изминатите неколку години за тоа што се случува кога налозите за претрес ќе тргнат наопаку“, рече генералниот инспектор на Чикаго Дебора Викбург во соопштението за печатот. „Упадот во домот на Анжанет Јанг откри длабоки пропусти во политиката и практиката на КПД во врска со издавањето налози за претрес.

Но Јанг не е единствената жртва. Адвокатот од областа Чикаго, Ал Хофелд Јуниор, застапуваше 11 семејства во одделни тужби за кои сите велат дека КПД им вперил пиштоли на нивните деца за време на неуспешните рации на полицијата во нивните домови.

Долгогодишната истрага на локалниот медиум „CBS 2“ открила дека полициските тимови од Чикаго се потпираат на непроверени налози за претрес за да пребаруваат домови; под закана со пиштол држеле семејства, меѓу кои и деца, а во еден случај ставиле лисици на 8-годишно дете. Во друг случај, 17 полицајци од Чикаго упаднале во домот на едно семејство со извадени пиштоли за време на роденденската забава на едно четиригодишно дете. Членови на едно семејство од Чикаго велат дека полицијата три пати во четири месеци упаднала во нивниот дом барајќи лице за кое жителите велат дека не го познаваат.

Во 2018 година, Чикаго реши уште една граѓанска тужба од страна на семејство кое тврдеше дека службениците упаднале во нивниот дом и впериле пиштол во 3-годишно девојче – им биле доделени 2,5 милиони долари отштета.

Во изјавата за „Чикаго Сан-Тајмс“, од полицијата истакнале дека извештајот на генералниот инспектор ги разгледувал само налозите за претрес на станбени објекти до 2021 година. „Оттогаш, КПД направи бројни ревизии на политиките и обуката, вклучително и на ониое за поголем надзор и одговорност во рамките на процесот. Создавање и доставување на налог за претрес’“, соопшти КЗД.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk