Утрински Весник
Македонија

Полицијата вчера уапсила 11 возачи и одзела исто толку автомобили

613071228 1180005324309993 3562843584804296261 n.jpg

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија.

Возачот во Демир Капија претходно се заканувал на неговата сопруга и со тврд предмет го нападнал неговиот татко. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Филипче: Власта прави дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница

Доаѓа Петок 13-ти – мит, суеверие или страв? Зошто овој датум со векови се смета за баксузен

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња