Утрински Весник
Македонија

Полицијата со полни раце работа, летаат казни за прекршоци во сообраќајот

Полицијата со полни раце работа, летаат казни за прекршоци во сообраќајот

СВР Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Вечерва Црногорско народно позориште со „Другата страна” на сцената на МНТ

Шокантно откритие: Институт регистриран во кладилница, откри Јаневска