Утрински Весник
Свет

Полицијата од 1 септември ќе ги обезбедува сите училишта во Србија

Полицијата од 1 септември ќе ги обезбедува сите училишта во Србија

Полицијата од 1 септември ќе ги обезбедува сите училишта во Србија, а полициски службеници ќе бидат присутни пред, за време и по наставата во двете смени, соопшти српското Министерство за образование.

dobivaj vesti na viber

Освен во училишните дворови, ќе се зголемат полициските патроли и во близина на училиштата, а ќе се контролира и регулира безбедноста во сообраќајот, беше соопштено по работната средба, што ја одржаа претставници на Министерството за образование и Министерството за внатрешни работи.

Раководителите на полицијата и училишните администрации, како и директорите на училиштата и началниците на полициските станици, интензивно работат на анализа на безбедносната состојба со цел да се процени состојбата и да се преземат заеднички мерки за подигање на безбедноста на учениците и вработените на највисоко можно ниво.

Можете да прочитате

САД почнале да планираат напад врз Иран, велат американски медиуми

Oбвинителството на Иран се закани со смртни казни за демонстрантите

Масовни протести низ САД откако агент на ICE уби жена