Утрински Весник
Свет

Полицијата на нозе во нова потрага по Медлин која исчезна пред 16 години – се пребарува брана, се собираат пари

Полицијата на нозе во нова потрага по Медлин која исчезна пред 16 години – се пребарува брана, се собираат пари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британската полиција во потрага по исчезнатото девојче Медлин МекКен доби дополнителни 110.000 фунти за нивната макотрпна истрага, а британските медиуми објавија дека тие би можеле да бидат на работ на пробив.

dobivaj vesti na viber

Полицијата претходно побара дополнителни средства во средината на тековната финансиска година за продолжување на истрагата.

„Министрите одобрија барање до 110.000 фунти за продолжување на истрагата. Барањето е разгледано согласно процедурата на специјалниот грант кој се одобрува на годишно ниво“, соопшти портпаролот на МВР.

Во истрагата за исчезнувањето на Медлин МекКен, девојката која исчезна во 2007 година во одморалиштето Праја да Луз во Португалија, се појави нова трага. Полицијата ќе ја пребарува браната Араде и блиската акумулација која се наоѓа на 50 километри од местото на исчезнувањето на девојчето.

Португалското обвинителство го именуваше Кристијан Брукнер (45) како официјално осомничен. Од 2022 година тие се поврзуваат со овој случај. Германската полиција побарала претрес на браната откако открила дека Брукнер ја посетил областа во моментот на исчезнувањето на девојчето.

Брукнер, кој моментално отслужува затворска казна во Германија за силување жена во Португалија во 2005 година, никогаш не бил обвинет за исчезнувањето на Медлин и тврди дека нема никаква врска со тоа. Сепак, германскиот државен обвинител Волтерс го смета за првоосомничен, имајќи предвид дека Брукнер живеел во близина на одморалиштето помеѓу 2000 и 2017 година.

 

Германските власти беа убедени дека таа е мртва и имаа намера да го обвинат него за нејзиното киднапирање иако телото никогаш не беше пронајдено. Брукнер жестоко негираше каква било вмешаност во киднапирањето.

Медлин исчезна додека спиеше сама со своите помали браќа и сестри близнаци Шон и Амелија. Родителите Кејт и Џери во тој момент биле на вечера во блискиот ресторан со пријателите.

Медлин сега би имала 20 години.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони