Утрински Весник
Македонија

Полицијата легитимирала новинари кои ја следат смената на директорката во училиштето во Демир Хисар

Maja lozanovska policija demir hisar1.jpg

Новинарските екипи од САКАМДАКАЖАМ.МК и ТВ Телма денеска беа легитимирани од полициските службеници во Демир Хисар додека го следеа увидот во Гимазијата каде беше пријавено провалување во директорската канцеларија.

Од полицијата на новинарите им беше кажано да дадат лични карти зашто се воделе како непознати лица на настанот, пишува СДК.мк


Полициските службеници ги запишаа комплетно сите податоци од личните карти од адреса и датум на раѓање, па дури и бројот на регистерска табличка од возилата. Ова се случи иако новинарите носеа новинарски легитимации.

Новинарите го следеа настанот во кој досегашната директорка Маја Лозановска, по боледувањето и претресот во домот, дојде во Гимназијата каде беше присутна и новата в. д. дирекрорка назначена од градоначалникот. Лозановска и нејзиниот адвокат во полиција пријавија дрка е провалено во директорската канцеларија.

Можете да прочитате

Утре напладне 370 камиони ќе ги блокираат сите гранични премини

Малолетник со автомобил удри паркирано возило и тешко повреди пешак

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак кој се бори за живот