Утрински Весник
Македонија

Полицијата ја зајакнува довербата со граѓаните, карванот на полицијата „До Вас, за вас” денеска во Штип

Dsc 5417.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со раководството на МВР денеска беше во Штип како дел од низата настани од иницијативата „До Вас, за Вас”, со која се покажува посветеноста за доближување на полицијата до граѓаните.

„Граѓаните заслужуваат да се чувствуваат безбедно и да имаат доверба во својата полиција. Преку заедничко дружење и активности на полициските службеници со граѓаните се унапредува комуникацијата а со тоа и взаемната доверба дека полицијата и припаѓа на заедницата и е посветена кон нејзината безбедност. Взаемната доверба и креираните врски меѓу полицијата и граѓаните се влог во долгорочна безбедност и стабилност кои се предуслови за благосостојба кај граѓаните и целото општество. Ќе продолжиме да ги отвораме вратите на полицијата за граѓаните и заедно да ги решаваме сите предизвици.”, потенцираше министерот Тошковски.


Министерот Тошковски нагласи дека целта на оваа иницијатива е да се покаже дека полицијата е секогаш тука меѓу граѓаните – за граѓаните и преку дружба и комуникација со граѓаните се креираат взаемни врски на доверба меѓу граѓаните и полицијата. 

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“