Утрински Весник
Македонија

Полиција и војска ќе ги чува затворениците во „Идризово“ поради недостатокот на чувари

Полиција и војска ќе ги чува затворениците во „Идризово“ поради недостатокот на чувари

Припадници на МВР и Армијата ќе бидат ангажирани како поддршка на Затворската полиција на КПД Идризово.

dobivaj vesti na viber

Одлуката е донесена по состаноците на Групата за процена и Управувачкиот комитет одржани во Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК информираа дека еден од главните проблеми со кои се соочува „Идризово“ е недостатокот на кадар во затворот. Велат дека бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи секојдневните потреби и активности.

Ќе се бара начин за вработување на нов кадар кој ќе биде одговорен за безбедноста и ресоцијализаицијата на затворениците.

Директорот на „Идрозово“ Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“ пред еден месец кажа дека чуварите зеле низа боледувања и одмори, што се случи во период кога интензивно беа палени автомобили, а дел од нив добивале и закани по живот. Тој тогаш потврди дека околу 15 проценти од затворската полиција има извадено боледување, но рече „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“.

Во мај, скандал го стресе затворот кога чувар му помогна на затвореник да избега. Кусо пред тоа беше обелоденето копањето на најголемиот тунел за бегство, од страна на осум затвореници осудени на тешки затворски казни.

Бегствата од овој затвор, според информациите во полициските билтени, во последниот период зачестија.

Можете да прочитате

Внимавајте, на овие патни правци има густа магла!

Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините

Охрид е подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет – градот е свечено украсен