Утрински Весник
Македонија

Полицаецот за кој се шпекулираше дека е во бегство сам се пријавил во станица, семејството тврдеше дека е дома но никој не го побарал

Puls.webp.webp

Пензионираниот полицаец, по кој МВР трагаше, бидејќи е еден од осомничените за трагедијата во Кочани, утринава се пријавил во полициска станица. Неговото семејство негираше дека е во бегство, туку тврдеше дека никој не го побарал.

-Осомничениот утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка, потврдуваат од Обвинителството.


За пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани завчера истрагата беше проширена за уште седумина полицајци.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 2 и став 3 од Кривичниот законик, информираа од МВР.

Можете да прочитате

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово

Јован и Лилјана се годинешните младенци, кои ќе прават Галичка свадба