Утрински Весник
Македонија

Полицаец уби мигрант кај Гевгелија, тепачка меѓу службеници и шверцери заврши крваво

Полицаец уби мигрант кај Гевгелија, тепачка меѓу службеници и шверцери заврши крваво

Полицаец со службен пиштол застрела мигрант кај касарната во Гевгелија, во турканица за оружјето со криумчарот.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, еден од илегалните криумчари го нападнал полицискиот службеник и се обидел да му го одземе пиштолот. Потоа полицаецот испукал и го погодил мигрантот којшто починал. Настанот се случил утринава.

„Кај Касарна Гевгелија од страна на полициски службеници биле забележани патничко моторно возило „мерцедес“,управувано од К. Ј. (26) и патничко моторно возило „форд фокус“, управувано од С.Б. (51), двајцата од Скопје, во кои илегално се превезувале мигранти. Возилата биле запрени од страна на полициски службеници, по што возачите и мигрантите се обиделе да избегаат, а при тоа К.Ј. физички нападнал полициски службеник, обидувајќи се да му го одземе пиштолот“, велат од МВР за „Макфакс“.

Притоа, полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите.

„Мигрантот веднаш бил пренесен со полициско возило во објектот на Итна медицинска помош за укажување лекарска помош, каде починал. К.Ј. и С.Б. се приведени, а притоа осум лица мигранти се фатени“, додаде МВР за „Макфакс“.

Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за расчистување на случајот. На лице место е извршен увид од ОЈО Гевгелија и по расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег