Утрински Весник
Македонија

Шефот на обезбедувањето на Мицкоски нападнал колега полициски службеник пред угостителски објект

Polici A 1.webp.webp

Полициски службеник кој синоќа бил ангажиран како обезбедување на еден познат локал во Скопје, нападнал друг полициски службеник кој извршувал служебни дејствија, пишува порталот 360 степени.

Како што дознаваме, полицаецот кој го обезбедувал локалот, со физичкиот напад се обидел да спречи полициска акција односно претреси за пронаоѓање дрога во локалот.

Полицаецот тепач е приведен во полициска станица, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а станува збор за извесен Ивица Б. кој истовремено е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Дека се има случено таков физички напад, утрово на својот Фејсбук профил објави и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално.

Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност. Ова е преседан во полициското работење, повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата“ пишува Бојмацалиев.

Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денов.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор