Утрински Весник
Македонија

Полицајци на протест: Бараат почитување на Законот за минимална плата

Screenshot 2025 05 12 135514.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Членови на Независниот синдикат на полицијата денеска излегоа на протест, барајќи почитување на Законот за минимална плата и доследно спроведување на судските постапки во рамки на законските рокови.

„Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови во Битола и Гостивар, кои веќе го признаваат нашето барање“, истакнаа од Независниот синдикат на полицијата, организатор на протестот.


Од синдикатот порачаа дека не прифаќаат да бидат третирани како службеници од втор ред и најавија дека ќе продолжат со активности сѐ додека не бидат исполнети нивните законски и правични барања.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче